Порака полна благодарност: Дуа Липа со ретро фотки го честиташе роденденот на мајка си
Постои една изрека која вели: „Мајка - една титула повеќе од кралицата“. Истата оваа изрека ја користи секој еден човек на светот, кој израснал покрај својата мајка, жената која му е ѕвезда водилка во животот.
Познатите личности не се исклучок од оваа група. Сите тие постојано се заблагодаруваат на своите родителите, особено на мајка ти, а последна во низата беше познатата пејачка Дуа Липа.
Имено, таа по повод роденденот на мајка си, сподели неколку заеднички фотографии - од нејзиното најрано детство, па се до денес. Фотографиите ги збогати со емотивна роденденска порака, преку која се обиде да и ја искаже својата љубов.
„Среќен роденден на мојата убава мајка, мојата најдобра другарка, секогаш последна на подиумот за танцување, забавна, љубовна, слатка, смешна, но покрај се, најсилната жена на светот. Ти благодарам за тоа што си! Сите сме многу среќни што не водиш низ животот со твојата безусловна љубов и поддршка. Те сакам, те сакам. Ти си наша кралица“ - стоеше во објавата на пејачката.
Може да ве интересира: