Поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ ќе се мажи: Маша доби два прстени, но не сакала да биде традиционално запросена

Поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ ќе се мажи: Маша доби два прстени, но не сакала да биде традиционално запросена

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Маша од момчето добила два скапоцени прстени од познатиот бренд „Cartier“...

Маша Терзиќ, ќерката на генералниот директор на Црвена Ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ и поранешна девојка на Вељко Ражнатовиќ, од момчето добила два прстени и како што дознава „Телеграф“, планира свадба во 2022 година.

Убавата наследничка на Терзиќ и нејзиното момче, кој не живее во Србија, не е јавна личност и не се експонира, се во врска една година, а сега одлучија својата романса да ја крунисаат со брак.

Маша од момчето добила два скапоцени прстени од познатиот бренд „Cartier“ од 1.200 и 2.200 евра, што вкупно изнесуваат 3.400 евра.

Таа не била традиционално запросена, туку партнерот, како што наведува изворот за „Телеграф“ ѝ купил веренички прстен и бурма, верени се, а на лудиот камен планираат да застанат во текот на оваа година.

„Маша доби прстен, поточно два, еден веренички, а другиот е како бурма. Немаше официјално запросување, но тие двајца сега се официјално верени. Една година се заедно, убаво им е и во оваа 2022 година планираат да направат свадба“ - кажа изворот близок на семејството Терзиќ за „Телеграф“.

„Нема да има голема свадба, туку интимна церемонија, бидејќи желбата на Маша и нејзиниот партнер е да имаат тајна венчавка, далеку од очите на јавноста. Семејството Терзиќ е пресреќно поради убавите вести, мајка ѝ и татко ѝ на Маша се особено воодушевени од зетот“ - откри изворот.



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: