Поранешното момче или симпатијата на пријателката е забрането овошје: 7 добри причини зошто тоа е така

Поранешното момче или симпатијата на пријателката е забрането овошје: 7 добри причини зошто тоа е така

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ова е закон кој НИКОГАШ не би смеела да го прекршиш...

Да паднеш на момчето кое ѝ се допаѓа на твојата најдобра пријателка или со кое твојата пријателка била не е нешто што го сакаме, но некогаш може да се случи. Колку ѝ да ти се допаѓа тој некој, не е во ред да пробуваш било што, а тоа не е ниту паметно.

Не можеш да контролираш кој ќе ти се допаѓа, а кој не. Но, сепак, некогаш е подобро и за тебе и за луѓето кои ти се драги, дека преки некои „допаѓања“ само поминуваш и се обидуваш да ги заборавиш. Добар пример за тоа е момчето со кое твојата пријателка била во врска, со кое се гледала или само некој кој ѝ се допаѓал. Кога е такво нешто во прашање, нема потреба од дилеми, на прашањето треба ли да преземеш нешто кога некој ти се допаѓа толку многу, одговорот е секогаш НЕ. Еве зошто:

# Не е убаво, а ниту чесно кон твојата другарка

Дури и таа да ти каже дека го преболела и дека не ѝ грижа со кој се гледа тој. Дури и директно да ти каже дека не ѝ пречи доколку направиш нешто, тоа и понатаму не е во ред и не би смеела. Момчето со кое била вплеткана или кое само ѝ се допаѓало за тебе е забрането овошје. Можеби ти дава одобрување да се обидеш да направиш нешто бидејќи е добра пријателка и сака да бидеш среќна, но во реалноста би ѝ било тешко и болно да ве гледа заедно. Имај разбирање и почит кон пријателката и подобро ништо не се обидувај да направиш. Тоа е само едно момче, а на светот ги има многу.

# Ризикуваш да ја изгубиш пријателката

Момчето никогаш не би требало да ти биде поважно од пријателката. Да изгубиш пријателство поради момче не вреди. Тие доаѓаат и си одат, но пријателствата остануваат. Шансите се реално мали дека ќе останете заедно засекогаш и дека тоа е вистинска љубов поради која вреди да повредиш или изгубиш некој. На никој нема да му биде удобно да гледа некој кој го има преболено, а твојата пријателка и нејзиното поранешно момче сигурно би се гледале доколку ти се обидеш да направиш нешто со него. 

# Сакаш ли навистина да бидеш со некој со кој твојата пријателка била интимна / многу блиска?

Дали ова само на нас ни е чудно? Никогаш не би можела да бидеш со момче со кое некогаш твојата блиска пријателка била со него, особено доколку знаеш дека биле сериозни заедно или дека спиеле заедно. Со некој што била сериозна и заљубена, тоа е чудно кога би се обидела да направиш нешто такво.

# Има многу момчиња на светот

Од сите момчиња на светото, ти МОРАШ да се обидеш да направиш нешто со еден од нив и тоа некој кој се гледал со твојата пријателка? Можеби не можеме да бираме кој ќе ни се допадне, но можеме да одбереме што ќе направиме по тоа прашање. 

# Може да настане хаос и неред

Вакво нешто може да донесе повеќе драма во животот отколку позитивни и добри работи. Ќе има неудобни ситуации и неудобни дружења, на твоите други пријателки можеби ќе им биде незгодно, а да не зборуваме дека нема да ја имаш својата најдобра пријателка, на која инаку ѝ се жалиш за љубовните проблеми, бидејќи како ќе ѝ се жалиш за нешто што е поврзано со нејзиното поранешно момче? Повеќе ќе мораш да внимаваш и да одиш по јајца отколку вообичаено, а дали тоа момче е вредно за сето тоа? Се сомневаме.

# Постои причина зошто тоа момче сега е поранешно момче на твојата другарка

Доколку е толку супер како што ти изгледа на тебе, дали тој и твојата најдобра пријателка би раксинале? Со оглед на тоа дека ти е пријателка, веројатно знаеш што се случило помеѓу нив и зошто дошло до разделба. Доколку тој е виновен за нешто, постојат добри шанси дека и тебе ќе ти направи нешто слично. Секако, тоа не мора да бидеш секогаш случај и можеш да мислиш дека тие двајца едноставно не биле еден за друг, а ти и тој дека сте, но тоа е само претпоставка.

# Само затоа што тој е тука и знаеш дека му се допаѓаш, не значи дека треба да му дадеш можност

Не треба да се дава можност на секој кој ќе каже дека му се допаѓаш. Може да ти изгледа полесно да почнеш да се гледаш со некој кој веќе го познаваш и за кој знаеш дека е заинтересиран, отколку да бараш некој сосема нов и цело време да бидеш на раб, бидејќи знаеш на што си и колку му се допаѓа. Но, во реалноста не е лесно. Ти изгледа дека го знаеш, но кога ќе почнеш да се гледаш со него, дури тогаш добро и во потполност го запознаваш и можеби воопшто нема да биде таков каков што имаш замислено дека е.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: