Порасна првата радост на Тамара Тодевска: Хана наполни 5 години

Порасна првата радост на Тамара Тодевска: Хана наполни 5 години

Објавена во: Совети // Семејство

Првата радост на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски - Мачка, Хана денес слави роденден.

По тој повод, мама Тамара ја разбуди славеничката со роденденска торта на која имаше 5 свеќички колку што полни години, а секако тука беше и роденденската песна. Од овој момент пејачката сподели видео на својот Инстаграм профил покрај кое напиша: „Среќен роденден моја меденице. Прва што ја родив“.

Хана доби роденденска честитка од Катарина Ивановска, која сподели заедничка фотографија од Хана и нејзиниот син.

Во оваа приказна не заостана ниту нејзината тетка, пејачката Тијана Дапчевиќ која сподели неколку фотографии од својата внука, а покрај истите напиша: „Среќен 5 - ти роденден Хана, пиле мое, урмичке, брокулче мое. Те сакаат тета, тетин Милан и Вук до небото и ѕвездите, биди здрава, среќна и весела цел век.“



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: