Пораснат, насмеан и весел: Принцот Џорџ полни 7 години
Војвотката Кејт Мидлтон сподели нови фотографии од славеникот.
Принцот Џорџ го слави својот 7-ми роденден! Во таа чест, кралското семејство објави две нови фотографии од младиот принц направени од неговата мајка, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Насмеаното лице, русата коса и празнината меѓу забите, покажуваат колку брзо расте Џорџ. Семејството планира да го прослави роденденот на принцот утре во семејниот дом во Норфолк.
фотографии: PROFIMEDIA