Посебна честитка до сите Македоници од Американецот кој го обожува Балканот: Со татко му испеа песна на македонски (ВИДЕО)

Посебна честитка до сите Македоници од Американецот кој го обожува Балканот: Со татко му испеа песна на македонски (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Доколку често го поминувате времето на ТикТок сигурни сме дека сте на налетале на некое видео од Американецот кој е воодушевен од Балканот.

Младиот музичар Џастис Ридс на ТикТок постојано споделува видеа на кои пее и свири на гитара - некогаш сам, а некогаш со неговиот татко, и на кои пее песни од изведувачите кои се познати ширум Балканот. 

На ТикТок го следат скоро 425.000 луѓе, што е одличен доказ дека е навистина популарен. Секако, поголемиот број од нив се од Балканот, бидејќи Џастис дефинитивно знае како да ги примами сите.

Во последното видео, тој испрати посебна порака до сите Македонци. Имено, уште на почетокот на видеото тој посочи: „Среќен Божиќ Македонци, ние сме Американци...“ и заедно со неговиот татко отпеа една позната детска песничка.

@justus_reid Anyone here from macedonia!? #macedonia original sound - Justus Reid

Освен што пее, овој млад Американец готви и специјалитети од Балканот, а повеќе за него може да прочитате ТУКА.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: