Последици од карантинот: Како седењето дома влијаеше на нас?

Последици од карантинот: Како седењето дома влијаеше на нас?

Објавена во: Совети // Семејство

Понекогаш е потребно да се помине еден ден лежејќи и гледајќи серии и филмови, но од поради изолацијата, сите поминувавме повеќе време дома. Еве какви последици би можело ова да остави на нашето тело и здравје, според експертите.

„Седењето дома на подолг временски период може да доведе до недостаток на неколку здравствени благодети, кои ги дава сончевата светлина“ - изјави за Bustle докторот од универзет во Њујорк, д-р Nesochi Okeke - Igbokwe. „Излегувањето на сонце е неопходно, бидејќи на телото му овозможнува да го синтетизира витаминот Д, а исто така дополнително помага во подобрување на сечие расположение“.

Па, еве неколку од последиците со кои можеби ќе се соочите по предолгото седење дома:

# Лошо расположение

Со оглед на тоа дека ни е потребна сончева светлина за зголемување на нивото на серотонинот, невротрансмитерот што го подобрува нашето расположение, во претходниот период на изолација бевме многу малку изложени на сонце и затоа најверојатно се јавува лошото расположение. Ниското ниво на серотонин честопати се поврзува со промени во расположението и депресијата.

# Анкциозност

Кога предолго сме затворени дома, тоа на мозок може да му се процесира како недостасток на слобода и осуденост на мрак и осаменост. Излегувањето во природа со блиските луѓе е најдобар лек против овие тегобии, но и понатаму е невозможно доколку се соберете во голем број.

# Проблеми со спиењето

Откако започна изолацијата, на сите помалку ни се поремети сонот. Или остануваме до доцна навечер или прерано се будиме. Во секој случај би бил одобро да воведете одредена рутина во текот на денот и навивајте аларм кога ќе процените дека би било добро да станете.

# Пад на имунитетот

Доколку сме предолго во затворен простор, би можело да ви недостасува витам Д, која е клучна хранлива состојка во изработка на силниот имунолошки состав. Занемарувањето на имунолошкото здравје (и витаминот кој можеме да го извлечеме од сонцето) може да ја отежне борбата против болеста.

# Слабеење на коските и мускулите

На претходното набројување се надоврзува и ова. Како што слабее имунитетот, така слабеат и нашите мускули и коски од недостатокот на движење и физичка активност. Редовниот тренинг е многу важен во време на изолација и не би смеело тоа да се занемари, особено сега кога мерките полека се олабавуваат и имаме повеќе можност за да излеземе на воздух и прошетки во природа.

# Промена во апетитот

Можеби досега веќе имаш забележано, дека откако почна карантинот неколку дена не можеш да престанеш да јадеш, а потоа неколку дена воопшто немаш апетит. Сето тоа е аларм од мозокот и телото дека нешто не е природно, а ова збунувачко однесување полека го навикнува нашето тело на таа неприродна ситуација.

# Замор

Заблуда е дека по повеќе часа сон ќе бидеш поодморен/а. На нашето тело едноставно не му е потребно повеќе од 8 часа сон, па така доколку спиеш 9 или повеќе часа во текот на денот, ќе чувствуваш поголем умор и исцрпеност следниот ден.

Дали имаш забележано нешто од наведените појави на оваа листа да ти се случува?

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: