Последната желба на принцезата Дајана ќе биде одмазда: Принцот Чарлс 20 години стравува од ова!

Последната желба на принцезата Дајана ќе биде одмазда: Принцот Чарлс 20 години стравува од ова!

Објавена во: Живот // Живот

Принцезата Дајана трагично го загуби животот во 1997 година и немаше можност да види како нејзиниот син, 38 - годишниот принц Вилијам станува крал на Велика Британија. Од тогаш поминаа 23 години, а нејзиниот поранешен сопруг, 71 - годишниот принц Чарлс, кој е прв на редот за кралската круна, се уште го чека својот голем момент.

И додека во дворецот се шушка дека кралицата бара од Чарлс да му ја предаде круната на Вилијам, на него се посилно му оѕвонуваат во ушите зборовите, кои принцезата Дајана ги изговори пред смртта. Наводно нејзината последна желба била Вилијам да биде крал наместо Чарлс.

Сигурен извор од дворецот откри дека најголемата желба на Дајана била Вилијам да биде крал, а таа самата тоа го навестила кога ги шокирала сите со изјавата во познатото интервју за Панорама во 1995 година дека Чарлс не треба да биде крал.

„Чарлс секако се чувствува многу несигурно поради анкетата која покажува дека Вилијам е многу популарен од него помеѓу Британците, а свесен е и дека кралицата е свесна за тоа. Затоа се плаши дека последната желбата на Дајана би можела да се оствари“ - рече изворот и додаде дека тоа би можело да биде „одмазда од гробот на Дајана“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: