Последното интервју на Марадона кое вреди да се прочита: Да не бев зависник, ќе можев да играм повеќе

Последното интервју на Марадона кое вреди да се прочита: Да не бев зависник, ќе можев да играм повеќе

Објавена во: Живот // Живот

Диего Марадона неодамна го имаше своето последно интервју со новинарите на „Кларин“, кое го даде по повод својот 60 - ти роденден.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина во средатата од срцев удар, само три недели откако го прослави својот родендне.

„Фудбалот ми даде сѐ што имам, повеќе отколку што некогаш замислував. А, да не ја имав таа зависност, ќе можев многу повеќе да играм“ - кажа Марадона.

Тој беше изолиран во својот дом во Брандсен, но се согласи да одговара на прашањата кои новинарите на „Кларин“ му ги испратија преку потпаролот.

Ја коментираше својата популарност, зборуваше за љубовта која аргентинските спортисти ја покажуваат кон својата земја, проблемите со пандемијата на коронавирус и судбината на Меси во Барселона.

„Ќе им бидам вечно благодарен на луѓето поради љубовта која ми ја покажуваат. Секој ден ме изненадуваат, она што го доживеав по враќањето во аргентинскиот фудбал никогаш нема да го заборавам. Понекогаш се прашувам дали луѓето и поантаму ќе ме сакаат, дали и понатаму ќе се чувствуваат исто“ - кажа Марадона.

Тој додека дека аргентинските спортисти рано заминуваат во странство и дека татковината им недостасува.

„Затоа кога ќе те повикаат од репрезентациајта, доаѓаш доколку треба и пливајќи. Бидејќи тоа значи дека повторно ќе го браниме знамето и тоа не прави поинакви. Кога ќе го видам лицето на аргентинските спортисти кои победуваат сум воодушевен“ - истакна Марадона.

Тој се насочина и на пандемијата која го погоди светот.

„Ова е најлошата работа која можеше да ни се случи, никогаш не сакав нешто слично. Мојата желба е оваа пандемија да помине што побрзо и мојата Аргентина да тргне напред. Многу ме растажува кога гледам деца кои немаат доволно за да јадат, знам како е да се биде гладен, знам какво е чувството кога не си јаден неколку дена, а тоа во мојата земја не смее да се случи“ - кажа легендарниот фудбалер. 

Секако прашањето кое не можеа да го заобиколат е Лионел Меси и неговиот случај со Барселона.

„Знаев дека ова лошо ќе заврши и мислев дека Лео заминува. И мене тоа ми се случи. Барселона е легендарен клуб и отј таму е веќе со години и кон него постапија како што заслужува. Му дадоа сѐ, ги однесе на врвот и еден ден сакаше да ја промени средината, но му рекоа не.“

Марадона на почетокот на ноември заврши во болница, а поради крварење во мозокот беше итно опериран. Меѓутоа, во болницата му дијагностицирале и апстиненцијална криза, поради што беше префрлен во екслузивна клиника за рехабилитација во околината на Буенос Аирес.

Пред околу десетина дена, неговото лекување продолжи од дома, но тој почина од срцев удар во средата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: