Постарите колеги се плашат од 18-годишната колешка: Ги загрижува што ќе каже, бидејќи она што го открива не е баш наивно
Актерката Мили Боби Браун буквално израсна пред камерите и сето она што ќе го каже, јавноста го прифаќа без прашање...
Мили Боби Браун сега е 18-годишна девојка која изгледа прекрасно. Последната година на премиерите се појавува во фустани со кои предизвикува, додека многумина не можат да си поверуваат колку брзо порасна.
Но, реалноста е дека Мили повеќе не е мала. Меѓутоа, уште една работа ја буни јавноста: стравот кој го имаат постарите пејачи и актери од неа.
Имено, сега зборуваше со новинарите дека има „возрасен однос“ со актерот Хенри Кавил (39), кој ѝ поставил строги граници. Ова го објасни со тоа што возрасните колеги со кои буквално пораснала ги смета како браќа, додека Хенри не ѝ дозволува да му пријде на тој начин и смета дека помеѓу нив не смее да дојде до тој вид близина.
„Поинаку е бидејќи израснав со Ноа и Чарли (колеги од филмот). Ги запознав кога имав 10 години. Ги доживувам како другари од училиште. А, со Хенри се чувствувам како да имам вистинска возрасна врска“ - раскажа актерката и внесе некои „бубачки“ во ушите на своите обожаватели.
Дали тоа значи дека Мили се забавува или имала некаква врска со 21 година постариот актер?
Ова не е првпат актерката да открие некои чудни детали за својот живот. Имено, кога имаше 14 години, призна дека му испраќала пораки на тогаш 31-годишниот Дрејк, кој ѝ „давал совети за момчињата“.
Многу нејзини обожаватели тогаш кренаа голема прашина околу овие приказни, бидејќи според многумина не било примерно музичарот кој е постар 17 години од Мили да комуницира на тој начин со неа.
По овие паники во јавноста, Мили на своите социјални мрежи објави дека со Дрејк има „само прекрасно пријателство“.
фото: Принтскрин / Инстаграм