Постави невозможен услов за да им го откаже тестот на учениците: Професор стана ѕвезда на ТикТок

Постави невозможен услов за да им го откаже тестот на учениците: Професор стана ѕвезда на ТикТок

Објавена во: Совети // School zone

ТикТокот во овој случај заврши добра работа...

Овој професор сигурно не очекувал што ќе се случи откако на ТикТок објавил видео во кое на своите ученици им ветил нешто големо, што се однесувало на нивниот тест. Неколку недели подоцна и по завршувањето на зимските празници, неговото видео стана вирално и на крајот поради тоа, сепак морал да го исполни ветувањето кое им го дал на учениците, кои сигурно биле воодушевени од одговорите кои професорот ги добил на своето видео!

Еден професор на ТикТок одлучил да направи предизвик со своите ученици. Станувало збор за тоа што професорот им дал ветување на своите ученици дека ќе им го откаже последниот тест, доколку неговото видео на ТикТок го коментира некој познат и професионален спортски тим. Набрзо откако го објавил видеото, истото веднаш станало вирално, а денес има скоро 79 милиони прегледи, 12 ипол милиони лајкови и е споделено повеќе од 175.000 пати.

@mr_chasteen101 Will their Christmas wish come true?? #HappyHolidays #fyp original sound - keely

Благодарение на тоа што станало вирално, здачата е завршена, бидејќи видеото го искоментирале разни професионални спортски тимови, вклучувајќи ги NASCAR, официјалниот профил на Олимписките игри, NFL, Detroit Lions и многу други. Благодарение на нив, учениците биле пресреќни бидејќи нивниот професор сепак морал да го исполни своето ветување.

@mr_chasteen101 Thank you sports world for the incredible Christmas gift for my students! #GivingSzn #fyp Drilla - liverpoolfans.com

Набрзо потоа објави видео заедно со своите ученици на кое напиша: „Му благодарам на спортскиот свет за неверојатниот божиќен подарок за моите ученици“, со што јасно даде до знаење дека сепак го откажал последниот тест и на сите им ја исполнил желбата. Ова само докажува за колку моќна социјална мрежа станува збор и дека сите сакала да им помогнат на овие ученици од САД.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: