Постои едноставен трик со кој на мира ќе ги гледате омилените видеа: Како да го прескокнете гледањето реклами на Јутјуб?
Се појавуваат сè повеќе реклами и тоа на многумина им е иритантно...
Никој не сака му се појавуваат реклами додека се обидува нешто да гледа, а во последно време изгледа дека на Јутјуб ги има повеќе од било кога. Се пуштаат дури и по две на ред. Иако траат од 5 до 15 секунди, што не е долго, сепак пречат.
Кога ќе почнеме да гледаме некое видео, но Јутјуб најпрво одлучува да ни пушти една реклама или две, па потоа и во текот на видеото, и така пред секое видео, некогаш не пречи, но има денови кога полудуваме. На пример во ред е доколку гледаш некое долго видео, но ако слушаш музика, тогаш рекламите навистина пречат. Иако не се долги, пречат. Постојат некои Интернет додатоци кои ќе го запрат појавувањето на рекламата, но сега една девојка откри уште еден едноставен начин и нема да имаш потреба од дополнителни апликации. Кога следниот пат ќе ти излезе реклама додека гледаш видео на Јутјуб, треба да го направиш само ова.
@iamkatyzzzle Own Brand Freestyle - FelixThe1st & Dreya Mac
Кога ќе почне рекламата, во долниот лев агол, покрај времето на траење, можеш да видиш и една мала буква „i“. Ќе кликнеш на неа и ќе ти се појави опцијата „Report“, на која дури не мора ни да пријавиш, доволно е само да кликнеш и да затвориш. И тоа би требало да ти го реши проблемот. „Нема реклами луѓе“ - како што кажа и оваа девојка. Оние кои го испробале ова, велат дека ова навистина функционира и дека ова одлучен трик за кој не знаеле дека им е потребен, но кој им бил потребен.