Постои голема можност да ја надмине во популарноста: Која е сестрата на Дуа Липа и со што се занимава?
Дуа Липа брзо постигна планетарна популарност, а ништо помалку не е ниту нејзината родена сестра, манекенката Рина Липа.
Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, која направи Инстаграм драма на Балканот, падна во очите на најголемиот клан во светот - семејството Кардашијанс. Имено, Дуа Липа со многубројните ставови и постапки ја иритираше јавноста на Балканот, особено Србите, а изгледа дека најголема конкуренција би можела да и биде родената сестра - Рина Липа.
Рина Липа е манекенка за која трагаат најголемите светски брендови, а која своето слободно време го поминува со сестрите Бела и Џиџи Хадид.
Нема сомнеж дека и самото дружење со најпознатите манекенки, за чиј успех е задолжена нивната „мајка од пеколот“, ја доведе до најголемите светски контакти и деловни проекти.
Овој познат тандем - Дуа и Рина Липа може да се спореди со сестрите Кардашијан, но дали наскоро ќе го заземат нивниот трон кога станува збор за популарноста и заработката?
„Се обидов да се облекам како неа, ѝ ја крадев облеката. Кога ја носев нејзината облека, се чувствува постаро. И понатаму е така. Влегувам во нејзиниот гардеробер и велам: „Хм, не си го носела ова некое време“, а таа на тоа воглавно ми враќа со: „О, Боже врати го тоа“ - раскажа Рина во една прилика за „The Sun“.
Сепак, Рина сега е таа која создава и негува сопствен моден стил, но и репутација на инфлуенсерка на генерацијата „Зет“. Успешно ги поставува модните трендови, а тоа го дожауваат и многубројните соработни кои ги има остварено на деловно поле.
Своите модни парчиња ги опишува како „екстра“, а со неа сакале да соработуваат и брендовите Прада и Насти Гал. Во февруари оваа година дебатираше на модната писта на Модната недела во Милано, каде носеше парчиња на модната компанија „GCDS“, заедно со актерката Мејси Вилијамс, ѕвездата од „Игра на тронови“.
Иако многумина заборавија на фактот дека Дуа Липа била модел пред да се стекне со планетарната популарност благодарение на музиката, Рина би сакала покрај моделингот да се занимава и со глума.
„Настапи, сцена и стоење пред камери - отсекогаш знаев дека тоа е она со што сакам да се занимавам“ - кажа манекенката.
Дека желбата ќе ѝ се оствари докажува и фактот дека наскоро ќе глуми во хорор филм на италијанскиот режисер Џанлуиџи Карела.
„Тоа е прв голем проект на кој веќе наголемо работам. Бев на многу кастинзи, но ова сега конечно е нешто конкретно“ - возбудено зборуваше Рина, која за своите успеси и неуспеси редовно ја известува својата постара сестра преку „FaceTime“.
„Кога ќе дојде дома, само седиме и уживаме во нашето сестринско дружење. Кога сме дома и понатаму мора да помагаме при сервирање на масата и да ги миеме садовите“ - открива Рина.