Постојано го бришат нејзиниот профил на Инстаграм затоа што мислат дека е лажен: Не веруваат дека е навистина толку убава

Постојано го бришат нејзиниот профил на Инстаграм затоа што мислат дека е лажен: Не веруваат дека е навистина толку убава

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Многу луѓе мислат дека е лесно за убавите луѓе, но мене ми е полошо поради тоа. Ми го загорчуваат животот. Мислат дека сум некој вид робот“

Манекенката од Словачка Вероника Рајек (25) се пожалила дека луѓето не веруваат дека таа постои и дека е навистина толку убава. Таа тврди дека постојано го бришат нејзиниот профил на Инстаграм бидејќи поединци го пријавуваат како лажен.

- Многумина мислат дека на убавите им е лесно, но мене ми е полошо поради тоа. Ми го загорчуваат животот. Мислат дека сум некој вид на робот - рекла Вероника.


Во 2016 година, Вероника беше финалистка на изборот за Мис на Словачка. Некои беа убедени дека имала некои естетски зафати кои таа ги негира. Таа додаде дека не користела филтри на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

- Не користам никакви филтри, користам само алатки за измазнување на кожата, но мислам дека тоа е нормално. Луѓето секогаш се изненадени кога ќе ме видат за прв пат – изјавила Вероника и напоменала дека редовно добива стотици непријатни пораки, особено од жените.

- Добивам пораки од мажи кои не веруваат дека сум вистинска, но најлошите пораки на мојот Инстаграм профил доаѓаат од жени кои ме прашуваат зошто се преправам и бараат докази дека навистина изгледам толку добро - објаснува таа и додава дека над милион луѓе ја следат на Инстаграм.

Таа рече дека многу жени се љубоморни на неа бидејќи мислат дека Вероника сака да ги киднапира нивните сопрузи и момчиња.



- Само жените можат толку многу да ги повредат другите жени. Мислам дека не сум совршена, но природна сум, но луѓето се плашат од мене и не сакаат да разговараат со мене. Дури и ги скенирав градите за да докажам дека се природни, бев принудена да го направам тоа бидејќи луѓето не ми веруваат – изјавила таа.

Вероника вели дека се грижи за својот изглед и тело. Не пие, не излегува и вежба пет пати неделно, но признава дека убавината има своја цена.

- Немам многу пријатели, но се чувствувам добро. Ако мислиш дека си убава таква каква што си, тогаш си убава. Ако сте направиле естетска процедура, бидете искрени. Ако се грижиш за себе, можеш да бидеш убава – заклучила Вероника.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: