Постојано имам проблеми со неа: Дејан Миличевиќ откри каква е Цеца како соработник

Постојано имам проблеми со неа: Дејан Миличевиќ откри каква е Цеца како соработник

Објавена во: Живот // Живот

Еднаш се обиде да побегне...

Иако подолго од две децении ги спојува успешна соработка, но и близок пријателски однос, слободно може да се каже дека малку се луѓето од естрадата кои толку добро ја познаваат фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ како Дејан Миличевиќ.

Имено, тој во последното интервју откри како изгледа соработката со пејачката, но и дека таа некогаш сака да побегне од снимањата.

„Постојано имам проблем со неа. Само знае да исчезне кога ќе и здодее. Не сака долго да снима, а снимивме само една реклама, па се договоривме да ја фотографираме за да има нови фотографии за Инстаграм или за што да и требаат. Кога се пресоблече вториот пат, видов дека нешто се мисли и јас реков: „Цецо, гледам дека веќе си фатила низок старт, како да ќе бегаш од мене“ - фотографот ја започна приказната.

„Многу се смееше тогаш и ми вети дека ќе издржи дури три пресоблекувања. И, фала му на Бога, ете ни успеаа четирите пресоблекување што е фасцинанство за неа. Морам да откријам дека еднаш се обиде да побегне со изговор дека има гости дома и дека брза“ - додаде Дејан со насмевка на лицето за српските медиуми. 

„Таа едноставно сака да заврши што побрзо и сето тоа да трае што пократко“ - заврши Дејан.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: