Постојат неколку претпоставки: Зошто Селена Гомез не е во добри односи со кланот Кардашијан - Џенер?

Постојат неколку претпоставки: Зошто Селена Гомез не е во добри односи со кланот Кардашијан - Џенер?

Објавена во: Stars // Музика

Голем број луѓе од светската сцена, немаат добро мислење за кланот Кардашијан - Џенер, а по зборовите на обожавателите и Селена Гомез се наоѓа на оваа листа. Ние ти откриваме дали пејачката навистина отворено зборувала за нивниот однос и поради што не може да ги поднесе популарните сестри.

# Поранешни момчиња

Општо е познато дека сестрите Кардашијан - Џенер секогаш имале тенденција да им ги „зимаат“ момците на своите другарки и токму Селена Гомез е една од нив.

Имено, во 2014 година, актерката му пронашла пораки на своето тогашно момче Џастин Бибер со Кендал и Кајли. А, за работите да бидат уште полоши, Кендал во Париз била и на вечера со пејачот.

# Тејлор Свифт

Обожавателите исто така шпекулираат дека Селена не го сака кланот Кардашијан - Џенер токму поради лошите односи со нејзината блиска другарка - Тејлор Свифт. Конфликтот помеѓу Тејлор и Канје доведе до лошиот однос со познатите сестри.

Со оглед на тоа што Кендал застана на страната на Канје, Селена се огласи на Твитер: „Постојат многу поважни работи за кои треба да се зборува. Зошто луѓето едноставно не можат да го искористат своето влијание за нешто што е важно?“.

# Teylor Swift's Squad

Во 2016 година, Кендал Џенер отворено ја прозва „Taylor Squad“ - групата на најдобри пријателки на Тејлор, чиј член беше и Селена. На прашањето како ја нарекува својата група на пријатели, Кендал одговори: „Super Natural Group of Friends“ со објаснување дека секоја од нив го живее својот најдобар живот.

Обожавателите помислија дека тоа било прозивка, бидјеќи се зборуваше дека пријателствата на Тејлор биле „присилени“.

# Нереални стандарди

Мислењето на обожавателите е дека постои една работа која поголемиот број луѓе не може да ја поднесат кај сестрите Кардашијан - Џенер, а тоа се нереалните стандарди за убавина кои ги претставуваат. Токму тоа е една од работите со која Селена, најверојатно, најмногу се бори. Иако има проблеми со килограмите, предизвикани од здравствените проблеми, тоа не ги сопира „хејтерите“ да ја понижуваат Селена на основа на физичкиот изглед. Некои дури и посочиле дека тоа е причината поради која пејачката е слободна. Иако Селена никогаш јавно не проговорила ништо за ова, се претпоставува дека на Селена ѝ пречи што многу луѓе ги прифаќаат стандардите кои познатите сестри ги претставуваат.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: