Витни, посвоената ќерка на Еминем е небинарна личност: Семејството ја поддржува, а таа јавно се декларира како среден род
Со следбениците на социјалните мрежи сподели како би сакала да ѝ се обраќаат...
Посвоената наследничка на раперот Еминем одлучи на училиште да се декларира како среден род, иако од раѓање го добила иметно Витни, пишува Page Six.
Истакна дека е небинарна личност, а следбениците на социјалната мрежа ТикТок ги извести за својата родова определба, за што многумина се изненадија.
@st0nedc0w forever growing and changing <3 #greenscreen #genderfluid #bi #life
original sound - THXOC
Истакна да ѝ се обраќаат со името Стиви, бидејќи не се пронаоѓа ни во машки, ни во женски род.
Витни првпат својата бисексуална определба ја призна во 2017 гоидна, а семејството ја поддржа.
Таа е дете на избраничката на раперот, Ким, која ја доби 6 месеци ткако се разведоа. Кога се смирија, Еминем ја прифати без размислување, а останува да видиме дали тинејџерката ќе остане при својот став во текот на растењето.
фото: Axelle / Bauer-Griffin, FilmMagic / TikTok