Потегот на српската инфлуенсерка никој не го очекуваше: Го продава стариот мебел, а целата заработка ја проследува на други

Потегот на српската инфлуенсерка никој не го очекуваше: Го продава стариот мебел, а целата заработка ја проследува на други

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Инфлуенсерката и јутјуберка Сара Станковиќ објави дека го продава стариот мебелот, пред да ја пред реновира својата соба...

Инфлуенсерката и јутјуберка Сара Станковиќ на својот Инстаграм профил објави дека го продава стариот мебел, пред да ја реновира својата соба.

Таа најпрво најави дека има важно известување за сите обожаватели.

„Еј, луѓе, имам нешто важно (а, и итно) да ви кажам. Ја реновирам собата и одлучив да го продадам мебелот кој е сега во неа. Ќе поставам фотки и видеа од сѐ“ - пишува во објавата на Сара.

Сепак, она што Сара го напиша по ова, ги воодушеви нејзините следбеници.

„Сите пари ќе одат за азил, а можете да ми ги уплатите и мене или директно на нив и да ми ја фотографирате потврдата“.

Она што може да се види на фотографиите и видеата е дека јутјуберката го продава бирото, масичката за шминкање, креветот, малото креденче, како и една табуретка со цветен дезен.

Како што наведува, мебелот е зачуван и практичен, а предметите може да се купат поединечно или збирно, за кои потенцијалниот купец би требало да издвои 400 евра.

Инфлуенсерката потоа објасни зошто се одлучила сите пари од продажбата да ги донира во одреден белградски азил за животни.

„Затоа што несебично им помагаат на голем број животни и на нив тоа ќе им значи. Ќе го искористат тоа за храна или било што друго што им е потребно. Тие веќе долго и посветено се занимаваат со спасувањето на животни“ - напиша Сара.

За потсетување, ова не е првпат Сара да помага на напуштени животни, па така често преку своите социјални мрежи апелира за нивно вдомување. Освен тоа, Сара веќе вдоми едно куче по име Доли.

„Фамилијарно долго планиравме да посвоиме куче, а потоа на Инстаграм налетавме на Доли. Нѐ обзеде тага, а во исто време некоја топлина во срцето и како да ја препознавме, заневме дека ќе биде дел од семејството. Многу сме среќни поради тоа“ - кажа Станковиќ во една прилика.



Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: