Потекнува од добро семејство, што не е чудо што го нарекуваа ангел: Јелена Томашевиќ емотивно за Тоше

Потекнува од добро семејство, што не е чудо што го нарекуваа ангел: Јелена Томашевиќ емотивно за Тоше

Објавена во: Живот // Живот

На денешен ден пред 13 години, Македонија, но и целиот Балкан го изгуби најдобриот музичар, хуманитарец, а пред сѐ човек. Тоше Проески уште живее во секој еден од нас, а неговата музика и хумани дела секојдневно не потсетуваат на неговиот лик и дело.

Многу позначи личности се сетија на него, а помеѓу нив беше и пејачката Јелена Томашевиќ, која сподели видео на кое изведува песна од него, а покрај истото напиша емотивна порака.

„Поминаа 13 долги години без Тоше, секоја година недостасува сѐ повеќе. Неодамна го посетив Крушево и неговото семејство, ми беше сѐ јасно кога ги запознав неговите родители. Тој потекнува од таква доблест и добрина, што не е ни чудо што сите го нарекуваа ангел. Засекогаш ќе биде во моите молитви. На ова видео, јас сум бремена, мислам дека бев во седмиот или осмиот месец од бременоста. Пред 9 години, оваа емисија беше посветена на Тоше, каде што со мојот драг Саша Ковачевиќ“ го изведов овој дует „Поможи ми“.“ - стоеше во емотивната објава на пејачката.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: