Потрагата по добар филм трае и трае: Колку часови годишно поминуваме во пребарување?

Потрагата по добар филм трае и трае: Колку часови годишно поминуваме во пребарување?

Објавена во: Stars // Филм

Не сме сигурни дали сакате да го знаете ова...

Бројката можеби е малку поголема од она што очекувавте. Некогаш вреди да се пребарува и истражува кога потрагата ќе заврши со одличен филм, но некогаш бараме и бараме, за на крајот сепак да се откаже од гледањето на филм, бидејќи или е лош или не сме пронашле ништо интересно.

Во моментите кога ти се гледа филм и не ти текнува ништо добро, а пријателката одеднаш не одговара на пораките за да ти даде препораки, ти преостанува само да бараш и да се обидеш да пронајдеш нешто што го немаш изгледано, а што би било доволно интересно. И така бараш и бараш и годишно трошиш 187 часови од својот живот во потрагата по добар филм. 8 дена годишно трошиме само на пребарување. Малку или многу?

Ова е толкав стрес што се покажало и дека е причина за кавги во семејството или со пријателите/момчето/девојката. Истражувањето покажало дека поради потрагата по филм, луѓето во просек имата конфликт со некој и до три пати неделно. Иако мислевте дека Нетфликс и сличните стриминг сервиси ќе ја олеснат одлуката, бидејќи имаат многу предлози и понатаму тоа не е доволно за да се донесе брза одлука. 76% од испитаниците на ова истражување кажале дека ваквите серивиси за гледање филмови и серии веќе им здодеале.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: