Потресно обраќање од 16 и пол минути на Бака Прасе: Кика не се самоуби поради мене, сѐ ќе се дознае
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, во солзи и со липање, се огласи по повод самоубиството на јутјуберката Кристика Кика Ѓукиќ со потресно обраќање.
Поради драмата и конфликтот кои ги имаа, многумина по самоубиството на Кика на социјалните мрежи вперија прст во Бака Прасе. Тој сега ја изнесе својата страна на приказната, во чиј тек плачеше и липаше. Илиќ ги објави преписките помеѓу него и КИка по кои тие двајца се смириле, а во една од нив Кристина му испратила гласовна порака,, која јутјуберот исто така ја објави.
„Пред две години кога се каравме, кога бевме во Јутјуб драма, пишуваа дека јас ги напаѓам луѓето кои имаат рак, поради некои работи кои беа кажани во таа драма. Кика немаше рак, ништо слично, фала му на Бога, сега пишуваат дека сум убиец, дека сум одговорен за смртта на дете, бидејќи ја прозвав и бидејќи бевме во драма. Сите скокнаа на мојот врат, сите веднаш вперија прст во мене, дека се убила поради насилство на Интернет. Најлошо од сѐ е тоа што јавните личности објавуваа, ја искористија таа прилика: „Види ја оваа драма, сега јас ќе присоберам поени, да испадне дека сум жртва на насилство“ - почна Бака.
„Бевме во драма и тоа беше пред две години, сите добиваат „хејт“ кога се јавни личности, секогаш ќе има некој да напише нешто лошо, секако дека ѝ беше лошо и дека добиваше повеќе „хејт“ откако ја прозвав, секако дека тој „хејт“ траеше некое време по таа ситуација, но сето тоа заврши. Таа помина преку тоа, заборави на тоа, продолжи да снима, да стримува. Сакам луѓето да знаат дека ние се разделивме како пријатели. Вие не сте свесни колку ќе ви биде глупаво на сите кога ќе биде објавена вистинската причина зошто е изгубен еден живот.
Не, тоа не беше Интернет насилство. Помеѓу првите дознав за тоа, затоа што нејзините приајтели ме побараа, ми кажаа дека не сум виновен. Кога го дозвнав тоа, вие не знаете како ми беше на мене, секако дека помислив на тоа „Дали е можно дека го направи тоа поради она што го зборував?“. Никој не помислил на тоа, кажаа дека јавно ќе ме поддржат, а јас им кажав дека не го сакам тоа, не сакам тие да бидат вплеткани и некој да ги обвинува што се на моја страна. Вистината ќе излезе на виделина, вистинската причина, јас нема да бидам тој што ќе го каже тоа, бидејќи тоа не е моја, тоа е одлука на нејзиното семејство, кога и дали ќе ја објават“ - зборуваше Богдан липајќи.
Целото обраќање може да го погледнете во продолжение: