Потврдено: Адисон Реј и Брајс Хол повеќе не се заедно

Потврдено: Адисон Реј и Брајс Хол повеќе не се заедно

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

За интернет ѕвездите Адисон Реј и Брајс Хол, време е да продолжат соло. По шест месеци врска, популарните ѕвезди на социјалните мрежи решија да раскинат.

Двојката се гледаше далеку од очите на јавноста неколку месеци, а потоа во октомври минатата година ја официјализираше врската. Она што изгледаше како љубовна бајка беше прекинато пред само еден месец по озборувања дека Брајс ја изневерил Адисон. Озборувањата стивнаа и се чинеше дека двојката го преживеала овој предизвик.

Сѐ до вчера, кога официјално беше потврдено дека Брајс и Адисон тргнале по различни патишта. Се чини дека ова раскинување не поминало баш пријателски, бидејќи обожавателите забележаа дека тие престанале да се следат на Инстаграм, но и на Твитер.

И, во интервјуто кое Адисон го даде по повод нејзиниот прв сингл „Obsessed“, таа потврди дека Брис има статус на поранешно момче.

„Таа вечер го испратив моето поранешно момче дома. Тој ме погледна и ми рече: „Опседнат сум со тебе“. Јас одговорив: „И јас“. Тоа беше симпатичен лапсус, но кога подоцна им го кажав на луѓето во студиото, каде што ја правевме песната, тие ми рекоа: 'Па што ако си му кажала на момчето дека си опседнати со себе? И треба да си.'“ - вели Адисон.

И тие биле во право, верува Адисон. Како што вели таа, оваа песна може да се доживее на два начина: како опсесија со себеси во која лесно се паѓа, особено на социјалните мрежи, но и како потреба и можност да се сакаме себеси.

„За да дозволите некој навистина да ве сака, треба да се сакате себеси“ - заклучува Адисон.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: