Потврдено е: Ноа Сентинео е навистина во врска со другарката на Кајли Џенер

Потврдено е: Ноа Сентинео е навистина во врска со другарката на Кајли Џенер

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ноа Сентинео е една од најголемите млади холивудски ѕвезди, но веќе со месеци е ѕвезда во жолтиот печат поради љубовниот живот.

24 - годишниот актер, кој глумеше во филмовите „To All the Boys I've Loved Before“, наводно е во врска со најдобрата пријателка на Кајли Џенер, 23 - годишната Стаси Караниколао.

Гласините за нив двајца за првпат беа слушнати во јуни 2020 година, кога започнаа да разменуваат коментари на Инстаграм преку кои флертуваа. Неколку месеци подоцна, беа видени како заедно ја поминуваат Ноќта на вештерките и се бакнуваат на забава, па се чинеше дека нивната врска се вжештува.

„Почна кога тие пријателски се сретнаа за да работат на еден проект, но меѓу нив имаше хемија“ - изјави извор за Е! Вести.

„Тие не се комплицирани и сите нејзини пријатели го сакаат. Кајли смета дека се симпатични заедно. Двајцата сакаат да излегуваат, да одат во ресторани, но сакаат и да се дружат дома, и да се смеат и да се забавуваат“ - објасни изворот.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: