Повеќе не е милијардер: Банкар од Русија изгуби 5 милијарди долари поради војната во Украина

Повеќе не е милијардер: Банкар од Русија изгуби 5 милијарди долари поради војната во Украина

Објавена во: Живот // Живот

Олег Тинков е еден од 11-те неверојатно богати Руси, кој го изгуби статусот милијардер по падот на руската берза и рубљата по инвазијата на Путин на Украина.

Тинков стана еден од најбогатите луѓе во Русија кога ја позициниораше својата дигитална банка Тинкоф на лондонската берза, откако заработи пари со продажба на пиво и кнедли. Но, по нападот на Украина, акциите на Tinkoff набрзо паднаа за повеќе од 90 отсто. Рускиот банкар изгуби повеќе од 5 милијарди долари за помалку од еден месец, а вчера и статусот на милијардер.

Така, тој се рангираше меѓу најмалку 10 поранешни руски богаташи кои отпаднаа од клубот на милијардери, поради падот на руските акции и рекордно ниската вредност на рубљата во однос на доларот, а сето тоа поради санцкиите што Западот ги воведе кон Русија.

Сега има околу 800 милиони долари

„Форбс“ проценува дека нето вредноста на Тинков сега се намалила на околу 800 милиони долари, бидејќи значаен дел од неговото богатство е поврзан за Tinkoff банката, чија пазарна вредност од високи 23 милијарди долари во ноември, падна на нешто повеќе од 1 милијарда долари во вторникот.

Имено, московската берза веќе е затворена трет ден по ред. Берзата воопшто не се отвори оваа недела откако Западот воведе строги санкции, што доведе до рекордно ниско ниво на руската рубља и остар скок на каматните стапки.

За тоа време, Tinkoff банката и другите руски компании доживеаа голем пад на цените на акциите. Акциите на Лукоил, најголемиот независен руски производител на нафта, основан од милијардерот Вагит Алекперов, исто така паднаа за речиси 93 проценти.

Повика на прекин на инвазијата

Дури и пред руската инвазија и санкции, Тинков се најде во бројни проблеми. Синот на сибирскиот рудар кој ја основал банката Tinkoff во 2006 година, беше уапсен во март 2020 година во Лондон под обвинение за затајување данок во Соединетите држави. Во октомври 2021 година, тој плати 509 милиони долари за да го реши случајот со Министерството за правда на САД.

Еден месец по апсењето, рускиот бизнисмен најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Tinkoff банка, бидејќи му била дијагностицирана акутна леукемија.

Иако неговото богатство се намали, поранешниот милијардер сè уште поседува голем број луксузни вили Ла Дача во Калифорнија, скијачки центри на француските Алпи и Dassault Falcon 7X, но на сите руски авиони сега им е забранет влез во британскиот и европскиот воздушен простор.

Тинков, кој своевремено се фалеше за Фајненшл Тајмс за неговите врски со Путин, е еден од неколкуте руски супербогати луѓе кои зборуваат за војната. Тој рече дека за време на неговата болест имал можност да види колку е кревок човечкиот живот и повика на прекин на „специјалните операции“ во Украина.

„Во Украина секој ден умираат невини луѓе, тоа е незамисливо и неприфатливо! Државите треба да трошат пари за лекување луѓе, за изнаоѓање лек за рак, а не за војна“ - напиша тој.

фото: Принтскрин / Јутјуб / Благотворительный фонд Русфонд

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: