Повеќе од една година ги собирала влакната кои ѝ паѓале од главата: Количината која ја собрала е неверојатна

Повеќе од една година ги собирала влакната кои ѝ паѓале од главата: Количината која ја собрала е неверојатна

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Оваа девојка често споделува видеа во кои го покажува напредокот од собирањето на сопствената коса...

Корисничката на ТикТок, @lizlele сподели видео од огромен прамен коса за кој, на прв поглед, би помислиле дека го скратила на фризер, па дека си го земала за спомен. Меѓутоа, тој прамен не е ишишан, туку станува збор за влакната од косата кои ѝ паѓаат, а таа веќе повеќе од една година ги собира тие влакна и ги става на леплива лента, со цел да собере што повеќе! Поточно, со последното видео кое го објави официјално ѝ поминал 576-от ден и дотогаш собрала 7438 влакна.

@lizlele

7438 Hairs #showerhairchallengewig #hair #showerhairchallenge #hairchallenge #hairstyle #hairstyles #longhair #diy #hairtutorial #hairtutorials #hairs

original sound - alyanna :$

Коментарите на нејзините видеа се навистина различни: „Како твојата коса е толку здрава?!“ - ѝ искоментира една следбеничка. Освен влакната, девојката исто така ги собира и трепките кои ѝ паѓаат и за нив редовно споделува видеа.

@lizlele

Reply to @gabriella0390  15 lashes #showerhairchallengewig #eyelashcollection #eyelash #lash #lashes #beauty #haircollecting #showerhairchallenge #hair

I Got 5 On It - Yukmouth

Сега не можеме да процениме дали овде станува збор за опсесија или за љубопитност околу тоа колку коса може да нипадне од главата, а за тоа да не сме свесни. Оваа девојка на една објава во коментар напиша дека тоа го прави поради некое научно истражување, па можеби не сака да признае дека сега очигледно станува збор за опсесија.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: