Повеќето љубовни искуства ми беа проклети: Селена Гомез никогаш поискрена за емоциите и врските
Ѕвездата на Дизни во текот на животот се соочи со многу предизвикувачки ситуации, но никогаш не се откажа...
Познатата пејачка Селена Гомез искрено проговори за совите поранешни романси, како и измешаните чувства, кои по толку години конечно ѝ се јасни.
„Бев премлада за да бидам изложена на одредени работи додека бев во врска. Мислам дека повеќето мои искуства во врските се проклети“ - призна Селена.
Поранешната ѕвезда на Дизни продолжи да објаснува зошо својот албум од 2020 и новата линија на шминка го нарече „Rare“.
„Претпоставувам дека требаше да пронајдам што значи тој збор за мене, бидејќи се чувствував толку „мала“ во претходните врски и никогаш не се чувствував рамноправно“ - додаде пејачка.
„Си кажав дека тоа е она што сакам да го чувствувам кон себе. Всушност, морам да се чувствувам така кон себе“ - изјави пејачката.
Гомез истакна дека била во „четири центри за лекување“ поради своето ментално здравје, откако се прославила како детска ѕвезда.