Повелете на Сицилија: Ќе им дадат 3000 е. на сите кои ќе се одлучат за брак- ПОНУДАТА ТРАЕ

Повелете на Сицилија: Ќе им дадат 3000 е. на сите кои ќе се одлучат за брак- ПОНУДАТА ТРАЕ

Објавена во: Совети // Семејство

До пандемијата на „Ковид-19“, најбројни беа младенците и гостите на свадбите од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што несела годишен приход од 50 милиони евра.

Имено, најпознатата свадба, што се одржа на островот, е од филмот „Кум“, во режија на Френсис Копола, во кој син на мафијашки кум се ожени со локалната убавица.

Оваа филмска венчавка ја промовира Сицилија како едно од најпосакуваните места за свадбени церемонии и охрабри формирање на голем број мали семејни компании кои се занимавале со подготовка и организација на свадбени церемонии.

Понудата важи до 31 јули следната година. Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за свадбени церемонии. Властите на италијанскиот остров Сицилија донесоа одлука да му дадат по 3.000 евра на секој млад пар што ќе одлучи да се венча на Сицилија, пишува весникот „Хафингтон пост“. 


Последиците од кризата не влијаат само на компаниите што организираат свадби, туку и на активностите поврзани со тоа, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а со загуба се и местата што се изнајмуваат за свадби, не само убавите сицилијански барокни вили и палати, туку и музеите, манастирите, сите живееле од свадбите на Сицилија.

Тоа беше причина локалните власти да им понудат подарок на младенците кои ќе се решат да си ветат „вечна љубов“ на Сицилија.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: