Повод за славење во домот на Катарина Ивановска: „Ова мало денес полни 7 години“
Синот на македонскиот модел Катарина Ивановска, Вања наполни 7 години.
Ивановска со фотографија на Инстаграм приказна му честиташе роденден на малиот Вања. Објави фотографија со негови полни 7 години и друга додека бил мал и ужива во спа третман.
„Ова мало денес полни 7 години. Среќен роденден Вања, те сакам“, напиша Катарина.
Моделот неодамна објави фотографија од детството, од која може да се заклучи дека нејзините две деца, синот Вања и ќерката Кира, се нејзина копија.
Фото: Инстаграм