Повод за славење во семејството Тарчуловски: Мелани го освои второто место на фестивалот во Малта
Најстарата ќерката на Јохан и Соња Тарчуловски, Мелани Тарчуловски своите вокални способности ги претстави на фестивалот „Golden Voice 2020“. Тој оваа година се одржуваше на Малта, но поради целата ситуација со пандемијата, истиот се одржи онлајн.
На Јутјуб каналот на фестивалот беше поставено видеото од Мелани, а бројот на позитивни коментари кои секој корисник на оваа платформа можеше да ги напише под видеото беа пресудни за пласманот и изборот на победникот.
Мелани не заврши прва, но затоа вицешампионската позиција заврши во нејзини раце. Среќните вести на социјалните мрежи ги споделија гордите родители, а посебно обраќање и благодарност до целата публика имаше и самата Мелани.
„Мене прв пат ми се случува и јас незнам како да се обратам, ама ќе бидам исрена навистина сум пресреќна.Мојот животен сон е музиката, таа е мојот воздух. Пријатели ви благодарам што ме поддржавте на YouTube каналот. Македонијо моја ви благодарам на сите,, без вашата поддршка и наградата е ништо''. Почитувано жири од 39те држави ви благодарам за втората освоена награда и што верувавте во мене. Почитувани медиуми од Македонија ви благодарам и вам што застанавте позади мене, што ме поддржавте и што ми дадовте поттик да бидам уште подобра. Пред се сум горда што ја претставував нашата држава Република Македонија и јас со мојата возраст го доживеав првиот успех за кој што сум сигурна нема да биде последен. ВЕ САКАМ СИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ.“ - стоеше во објавата.
Во продолжение потсетете се, како звучеше изведбата на Мелани за ова натпреварување: