Повторно доминира на црвениот килим: Зендаја овој пат се појави на премиерата на продолжението на филмот „Space Jam“
Модниот израз на Зендаја е беспрекорен, а тоа го покажа уште еднаш, на вчерашната премиера на филмот „Space Jam: A New Legacy“, продолжението на истоимениот филм од 90 - тите.
Не само што ѝ го позајми гласот на зајачицата Лола, Зендаја исто така ја прилагоди модната комбинација на својот лик, па така беше облечена во шарена јакна од Москино и идентични шорцеви.
Ниту фризурата не изостануваше, па така косата ја имаше врзано во коњско опавче, а на Инстаграм се пошегува дека можеби нема уши како Лола, но дека секако има опавче.
Сепак, наместо паики за кошарка, Зендаја се одлучи за бели високи потпетици, кои ги искомбинира со „Булгари“ накт и заштитна маска со циркони.
фото: Profimedia