Повторно ќе се носат шишки, но малку поинаку: Одговараат на мал број девојки

Повторно ќе се носат шишки, но малку поинаку: Одговараат на мал број девојки

Објавена во: Мода // Moj стил

Шишките повторно се враќаат во мода...

Фризурата која секогаш многу ги дели луѓето - шишки. Или си за нив или си против нив, не можеш да бидеш во средина. Многу девојки ќе ги направат, бидејќи им изгледаат супер и сметаат дека ќе им стојат добро, а потоа за две недели се лути на самите себе поради таа одлука.

Шишките во теорија се слатка фризура, начин да се промени вообичаената, а без да се направи некоја драстична промена. Тоа така звучи во нашите глави, но кога ќе се одлучиме да ги направиме... Сфаќаме дека шишките во најголем број случаи нема да ни стојат онака како што сме си замислиле и дека ќе треба наутро да се будиме само за да ги стилизираме. Сепак, доколку му стојат на некој добро, зошто да не ги носи. Сега тие повторно се ИН, но на еден малку поинаков начин. „Baby“ шишките се апсолутен хит, кој не стои на секоја девојка, освен на Бела Хадид, Меган Фокс или Лејди Гага.


Станува збор за оние кратки шишки до средината на челото, некогаш може да бидат и пократки, а можат да бидат скратени рамно или степенасто како на Гага. Одеднаш како сите да ги носат. За една недела завладеаја на Инстаграм, а дека ќе бидат голем тренд покажува и тоа што во своите кампањи ги користат големите модни брендови.

Овие шишки се храбри, изгледаат кул, но не се за скеој. За разлика од обичните шишки, ќе му дадат облик на лицето и подобро ќе ги нагласат јаболкниците, но нема да ѝ одговараат на секоја девојка. Секогаш ќе бидат подобар избор за оние кои имаат малку поалтернативен и поинтензивен стил на облекување.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: