Повторно се ИН: Трендовите од 80 - тите кои ги носела твојата мајка се враќаат
Сите вие кои сте љубители на модата, еве што мора да имате во својот плакар.
Модата постојано се врти во круг, а работите кои некогаш се носеле, секогаш повторно наоѓаат начин за да се вратат. Овие модни додатоци, украси за облека и облека повторно ќе се носат, а порано биле огромен хит. Доколку нешто од овие работи немаш во твојот плакар, провери го плакарот на мајка ти или на постарата сестра.
Ништо од овие модни трендови не е новост. Сите овие работи се носеле и порано, но со текот на времето се заборавени. Сега повторно дојдоа нивните 5 минути. Овие парчиња беа голем хит порано, особено во 80 - тите години, а со минимален напор и сега и ти можеш да заблескаш со во нив. Во 80 - тите популарни беа пуфкасктите ракави, силните бои, впечатливите материјали, а женственоста била водилка околу комбинацијата на овие парчиња. Кои од овие стари трендови сега се враќаат и како да ги искомбинирате во својот изглед?
# Маички и кошули со големи ракави
Оваа е неизбежно парче облека веќе подолго време. Сигурно во некои продавници имаш видено маички и кошули со предимензионирани ракави. Во ова парче облека половината автоматски ја прави визуелно помала, а освен тоа, потсетува на лето поради својот изглед.
# Краток фустан со пуфкасти ракави
Кога сакаш да заблескаш и изгледа свечено, но во исто време и забавно, фустаните со пуф -ракави или оние предимензионирате, ќе изгледа супер. Да не спомнуваме дека како и кај кошулите, ваквиот стил на фустани ќе помогне фигурата да ти изгледа феноменално.
# Впечатлив накит - големи прстени
Го состави целиот „аутфит“, но ти недостасува нешто што ќе го зачини, па затоа погледни во кутијата со накит. Никогаш не можеш да погрешиш доколку додадеш обетки. Во мода се малку поголемите прстени. Изгледаат добро на секој „аутфит“.
# Плишани чанти
Плишот е многу популарен во последно време, не само во облеката, туку и во модните додатоци. Чантите од овој материјател изгледаат одлично и елегантно.
# Лента или венче за коса
Овој моден додаток е вистински хит. Доколку се уште не си заразена со носењето на венчиња, сега е времето за тоа. Популарни се во сите бои, со различни додатоци и од различни материјатели. Плишани, со бисери, со новогодишни детали, шарени, необични... сите доаѓаат предвид. Еден ваков детаљ може секој „аутфит“ да го направи поубав.
# Чевли со платформа
Чевлите со платформа оваа зима се голем хит. Поедноставно е да одите во чизми или чевли кои имаат висока пета и платформа. Во нив без проблем ќе можеш да ги посетиш сите популарни места во градот или цела вечер да се забававуваш со пријателите.
# „Оверсајз“ сако
Се што е предимензионирано и преголемо изгледа е популарно, а во таков стил се носат и сакоата. Во дневна варијанта можеш да го искомбинираш со фармерки, а за вечерна варијанта можеш да го облечеш над фустан. Ќе изгледаш моќно.
# Плишани фустани
Освен плишаните чанти, плишаните фустани се совршени за овој период од годината. Ги освоија срцата на девојките, а можеш и ти да признаеш дека изгледаат невероајтно. Плишот оваа сезона се врати во мода и за тоа не треба да се двоумиш.