Повторно сингл: Ријана стави крај на тригодишната врска
Пејачката Ријана стави крај на романсата со саудискиот милијардер Хасан Џамил, која траеше 3 години, пренесуваат светските медиуми. Не е познато зошто парот се раздели.
Ријана и Хасан првпат беа видени во 2017 година во Шпанија. Својата врска ја криеја од јавноста, а на големите случувања не се појавуваа заедно.
Пејачката неодамна во разговор за „Interview Magazine“ изјави дека го сака Џамил и дека едвај чека да се оствари во улогата на мајка. За Ријана се зборува дека нејзиното богатство е проценето на 600 милиони долари, а она на Хасан дури на 2,2 билиони долари.