Повторно со кратка коса: Ријана во полн сјај го враќа стилот од раните 2000-ти

Повторно со кратка коса: Ријана во полн сјај го враќа стилот од раните 2000-ти

Објавена во: Мода // Moj стил

Ријана повторно блеска како дијамант, со тоа што се врати на едно од своите најзабележливи изданија...

Деветкратната добитничка на „Греми“ беше видна во целосно издание на „2000 and late“, кога пред неколку дена изглезе од популарниот хотел „The Bowery Hotel“ на њујоршкиот Lower East Side. Кратката фризура која многу девојки ја копираа кога пејачката првобитно ја носеше пред скоро десет години и облеката од истиот период направија нашата омилена музичка ѕвезда повторно ни го подари „moodboard“ - от на животот.

Сепак, експертите тврдат дека ова не бил драстичен резултат на посетата на нејзиниот фризер, туку само перика. Како и да е, Ријана изгледаше фантастично, а комбинацијата која ја износи таа вечер, предизвика вистинска драма, кога е во прашање распродажбата на страницата „Fenty Beauty“ и тоа само неколку часа по објавувањето на фотографиите.


фото: PR

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: