Повторно со трансформација: Кајли Џенер проба нова боја на косата
За Кајли Џенер драстичната промена на физичкиот изглед не е ништо ново - не е тајна ниту дека таа поминала многу пластични операции за да изгледа вака, а познато е дека таа постојано испробува нови фризури. Штом ќе и здодее одредена боја на коса, таа пробува нешто ново и ги излудува своите обожаватели, па така реакциите за нејзиниот нов имиџ повторно се многу позитивни.
Кајли минатата недела имаше и руса коса на кратко, очигледно на пократок период отколку што мислевме, бидејќи пред неколку дена го претстави својот најнов имиџ - во саботата испроба како ќе и стои розева коса, истиот ден кога и испробуваше разни шминки од своите колекции за да ја одбере онаа вистинската за роденденот на Клое Кардашијан.