Повторно среќни во љубовта: Војаж призна дека има нова девојка, а Бресквица „уловена“со новото момче (ФОТО)
Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, доживеа критики кога покажа три прста на настапот, поради што мораше да признае дека има нова девојка.
Многу се зборуваше за неговото раскинување со Анѓела Игњатовиќ Бресквица, а за тоа како да се биде во центарот на вниманието и јавноста говори и фактот што и двајцата ги објавија своите нови песни во ист ден, а неодамна се зборуваше и за херојскиот чин на раперот, кога спаси девојка од самоубиство на Бранковиот мост.
Се чини дека сега, неколку месеци подоцна од веста дека младото дуо ја раскинало врската, време е секој да си тргне по својот пат. Во тој правец прва се упатила Бресквица, која била видена со осум години повозрасното ново момче додека чекаат ред за храна.
Иако тоа вешто го криеше од очите на јавноста, неодамна протекоа фотографии од нејзиното ново момче.
Овој пат Voyage е мета на негативни критики за покажување три прста за време на настап во Атланта, поради што ѝ се обрати на јавноста.
- Здраво луѓе, би сакал да кажам неколку работи кои сега ми се на ум. Најпрво, сакам да им се извинам на сите што се почувствуваа непочитувани или непријатно што го покажав симболот со три прста. За нас тоа не е националистички или фашистички, туку само начинот на кој се поздравуваме.
Значи, ако се почувствувавте навредени или непријатно, навистина сакам да се извинам, бидејќи немав лоши намери - изјави раперот.
Покрај тоа, Војаж откри дека се гледа со девојка од друга вероисповед.
-Познат сум по тоа што ги сакам сите, ширам љубов, што сум тука за луѓето. Не сум националист, девојката со која се гледам е од друга вера и навистина немам никаква омраза во срцето за никој. Сакав да им се извинам на сите, бидејќи чувствувам одговорност да се извинам – заклучи Voyage и со тоа стави до знаење дека Бресквица дефинитивно е дел од минатото.
извор:wanted.mondo