Повторно заедно: Седум години го барала своето изгубено куче, не се откажала ниту во еден момент
Сопственичката седум полни години не знаела каде исчезнало нејзиното куче Хани, а потоа минатата недела ја повикале од градското засолниште за животни, затоа што ги пронашле нејзините податоци на микрочипот на кучето за кое мислеле дека скитник, пишува „Фоксњус“.
„Чипот беше регистриран на некој кој пред многу години го вдомил Хани“ - стои во обајвата на City of San Antonia Animal Care Services.
Вработените во прифатилиштето ја повикале сопственичката, а ветеринарите го прегледале Хани.
„Кога пристигна во прифатилиштето, ги прими вообичаените вакцини, а нашите вработени ја повикаа сопственичката и го договорија нејзинито пристигнување“ - рекоа од прифатилиштето.
Кога пристигнала жената, персоналот за азил го донел кучето во собата за да види дали Хани ќе ја препознае. Таа се расплакала, паднала на колена и го прегрнала кучето. Реакцијата ги изненади вработените, кои ја прашаа жената пред колку време ѝ исчезнало кучето.
„Пред седум години“ - одговорила таа.
Од засолништето истакнаа дека за оваа средба може да се заблагодарат на чипот. Чипирањето на кучињата е задолжително во Сан Антонио, додека во некои области не е така и сопствениците сами одлучуваат дали ќе го чипуваат своето куче или не.