Пожарникар му подари летување на болно дете од леукемија: Дамир по втор пат ја води најтешката битката во животот

Пожарникар му подари летување на болно дете од леукемија: Дамир по втор пат ја води најтешката битката во животот

Објавена во: Совети // Семејство

Дамир (16) од Вуковар наместо со своето друштво, летото го поминува на загребско „Ребро“.  Единственото нешто на што се надева во моментов е помошта од добри луѓе. Пожарникарот со големо срце му подари платен одмор...

Пожарникар со големо срце, кој иако бил на годишен одмор, гаснел пожар во Тучепи, решил платеното летување да му го препушти на момче од Вуковар, кое откако ја изгубило мајка си, по вторпат се разболело со леукемија.

- Сè уште сум тука на одмор. Еве ме! На летните одмори, веќе петта година по ред со мене доаѓа и униформатта. Мојата сопруга е луда поради тоа. И три-две недели се е тивко, така кажав и оваа година: Момци, кога ќе заминам за Загреб, се ќе биде тивко. Меѓутоа, овде се појави оваа катаклизма. Но, има тука Господ, ќе го решиме - изјавил Јосип Фабијаниќ, пожарникар на ЈВП на Град Загреб пред неколку дена кога гаснел пожар во Тучепи.

„Во главата ми е едно момче од Вуковар...“

Откако во редакцијата на РТЛ пристигнало барање од човек дека сака да плати летување за Јосип и неговото семејство, некаде надвор од Хрватска за да не мора повторно да работи на одмор, Фабијаниќ размислувал за момчето од Вуковар.

- Јас тоа ќе ти го овозможам Дамир, затоа што тие средства тебе ти се многу поважани и да го започнеш животот во подобро светло, да имаш подобар момент од страдањата низ кои си поминал. Дамир, за тебе. Во ред? Може ли? Држи се, стари - додал низ солзи. „Понекогаш дури и мажите плачат“, призна тој, иако прво тврдеше дека тоа е потта.

Тој бара донатор на хематопоетски матични клетки

Дамир Пејиќ (16) од Вуковар летува на Ребро во Загреб каде по втор пат се бори за живот. Единствено на што се надева во моментов е помошта од добри луѓе, бидејќи Дамир бара соодветен донатор на хематопоетски матични клетки. Тој нема браќа и сестри кои инаку се можни сродни донатори, пред само два месеци ја загуби мајка си, живее со баба му. Не добил ниту презиме од татко му.

- Кога ми кажаа дека леукемијата се вратила, бев во шок. Овој пат почна со главоболки, баба ми една вечер ме најде како повраќам, бев многу слаб. Ме однесоа во болницата во Вуковар, па во КБЦ Осиек, а од Осиек во Загреб - раскажал Дамир.

Првата битка со леукемијата ја добил во 2020 година.

- Првпат се разболев во 2019 година, кога долг период постојано имав висока температура. Лекарите сето тоа го поврзаа со настинка и рекоа дека е грип, додека не ми почнаа силни болки во нозете, а јас веќе не можев да одам ниту пет минути од училиштето. Мајка ми мораше да оди со мене да ми ја носи чантата бидејќи на 11 години не можев да стојам на нозе, се присетува Дамир.

Не беше пронајден соодветен донатор за Дамир во националниот регистар. Секој здрав и не постар од 40 години може да се регистрира во хрватскиот регистар на доброволни дарители на хематопоетски матични клетки и да види дали може да биде донатор на Дамир, или на десетици други деца и млади луѓе, како и болни возрасни лица. Дамир апелира до сите луѓе со големо срце да се запишат во регистарот и на тој начин да му помогнат нему, или на некој друг. Леукемијата е рак на крвта кој може да се излечи само со нови, здрави матични клетки од донор. Од нив кај болното лице ќе се создаде нова, здрава крв, без малигни клетки.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: 24sata.hr


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: