Познат грчки инфектолог објасни зошто основните училишта треба да работат, а средните да се затворат

Познат грчки инфектолог објасни зошто основните училишта треба да работат, а средните да се затворат

Објавена во: Живот // Живот

Постојат големи разлики во возраста на учениците...

Познатиот грчки инфектолог и претставник на Кризниот штаб, д-р. Сотирис Циодрас на денешната седница на која е најавено потполно затворање на Грција од сабота во 6 наутро, образложи и зошто основните училишта ќе продолжат да работат, а средни не.

„Секое затворање на училиштата има големо влијание на учениците. Морам да бидат искрен и да кажам дека не постои голема флуктуација помеѓу младата популација, но за нас почна да биде изненадувачко благото зголемување на ширењето на вирусот кај учениците постари од 16 години.“

Како што истакнува д-р Циодрас ваквите мерки не се донесени затоа што децата тешко го поднесуваат вирусот, туку затоа што имаат важна улога во неговото пренесување.

„Забележавме дека растот на ширење на вирусот се движи од 10 до 12 години. Токму затоа ќе им дозволиме на основните училишта да работат, иако тоа не значи дека ќе нема пренос. Не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа би можело да има и психолошко влијание на децата. Сепак, поради тоа што имаат социјален живот, децата од 16 до 18 години повеќе го шират вирусот и токму поради тоа во таа популација дојдовме до големо зголемување на позитивните случаи кои сакаме да ги спречиме. Повторно кажувам, не затоа што ќе им биде нешто на нив, туку затоа што може да го пренесат на постарите членови на семејството“ - заклучи и додаде дека средните училишта и гимназии ќе продолжат настават да ја следат преку телевизија.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: