Позната јутјуберка изненадно почина на 22 години: Татко ѝ со емотивни зборови се прости од неа
Познатата јутјуберка Лил Бо Вип почина на 22 години...
„Daily Mail“ објави дека австралиската рап ѕвезда и јутјуб ѕвезда ненадејно починала минатата сабота по тешката борба со „внатрешните демони“.
Нејзиниот татко Метју Скофилд објави многу тажен и емотивен статус, кој го посвети на својата ќерка.
„Овој викенд ја изгубивме битката за животот на нашата ќерка против депресијата, траумата и зависноста од дрога со кои таа долго се бореше од нејзиното закрепнување во Америка преку итната репатријација преку австралиското Министерство за надворешни работи и трговија. Таа силно се бореше против своите демони, додека сите бевме со неа, ги собиравме нејзините скршени делови, но престана да се бори и ја изгубивме. 02.01.2000 - 05.03.2022“.
На сцената се појави на почетокот на 2015 година, додкеа нејзината песна „Not OK But It's OK“ има повеќе од 12 милиони прегледи. На ТикТок ја следат повеќе од 12.000 луѓе, а на Инстаграм 35.000.