Познатата актерка во романтична комбинација: Дали цветните дезени ќе домираат во 2022 година?
Ванеса Хаџенс носеше комбинација на која секој детаљ е совршен, бидејќи ништо не е премногу, ниту нешто посебно се истакнува, туку сѐ е одлично вклопено...
Ѕвездата на Дизни, Ванеса Хаџенс се фотографираше на 28-то доделување на наградите на Screen Actors Guild. Тоа што е многу интересно е нејзината модна комбинација.
Таа одлучи да облече дводелен комплет кој совршено ѝ стои. Сите парчиња која таа ги има искомбинирано се одличен избор, бидејќи одговараа едно на друго.
Носеше розов комплет составен од топ маица и здолниште кое се шири поради природата на материјалот. Дизајнерската куќа која се погрижи за нејзината комбинација е Џанбатиста Вали, а таа се потруди овие парчиња да ги износи на вистински начин.
фото: Chelsea Lauren for SAG Awards / Shutterstock Editorial / ProfimediaНејзиниот топ, како и здолништето на рабовите имаа чипкани детали, кои се простираа насекаде со тоа што има и други материјали и детали кои не се чипкани.
Ова одлучи да го искомбинира со проѕирни сандали кои одлично се вклопија парчињата облека, како и со фризурата и накитот кој го носи на себе.
Она што е интересно е дека на сајтот на брендот кој таа го носи за оваа пролет се подготвени парчиња кои имаат цветни дезени, па се прашуваме дали ова е новиот тренд кој ќе завладее во следната сезона?
насловна: Инстаграм