Познатата инфлуенсерка не штеди: Кјара Ферањи ја прошета чантата од 432.000 долари
Италијанката Кјара Ферањи важи за највлијателката блогерка на светот...
Оваа убавица која е и модна дизајнерка и ТВ лице е фотографирана во Милано, видно расположена и насмеана за позирање и фоткање со обожавателите.
Модната икона и нејзиниот сопруг Федез неодамна ја примија наградата „Ambrogino d'Oro“ поради посветеноста во собирањето на средства за време на вонредната состојба која ја предвизика пандемијата на коронавирус, а сега на улиците на Милано е фотографина со чанта од брендот „Hermes Birkin“, која чини како една луксузна куќа - цели 432.000 долари, односно 355.600 евра.
Чантата е направена од крокодилска кожа, бело злато и дијаманти.