Познатата манекенка тврди дека не се оперирала, но фотките ја демантираат: Што правела Џиџи Хадид на лицето?
Веста дека Зејн Малик, поранешното момче на Џиџи Хадид ја удрил Јоланда Хадид и понатаму ја тресе јавноста.
На Интернет повторно кружат видеа на кои Јоланда ја навредува ќерката Џиџи, додека поединци тврдат дека младата манекенка е самата виновна за распадот на врската со Зејн и инцидентот кој се случил.
Набрзо по овој скандал, испливаа бзиарни детали за Јоланда Хадид, која на своите ќерки им забранувала да јадат за да бидат слаби, да се школуваат бидјеќи „манекенството било многу поисплатливо“, а помеѓу останатото, им забранувала и да играат одбојка, бидејќи тоа „воопшто не е женствено“.
фото: ИнстаграмИ така познатите сестри Хадид, заедно со мајка им Јоланда, повторно се во центарот на вниманието. Иако веќе многу пати се пишуваше за чудниот пристап на Јоланда кон своите ќерки, не може да не изненади фактот дека го добила прекарот „мајка од пеколот“.
Сепак, иако Џиџи некогаш била нејзина миленичка, бидјеќи светот апсолутно ја обожувал, Бела набрзо почнала да го зазема нејзиното место поради својот посебен и поинаков изглед, која, на сите веќе им е јасно, не дошол природно.
Тоа воопшто не беше пречка за да се зборува и понатаму за изгледот на Џиџи. Додека поединци сметаат дека постарата сестра Хадид останала природна, други сметаат дека тоа е апсолутно невозможно.
фото: SHUTTERSTOCKКога ќе споредиме фотографии од минатото, не можеме да не воочиме многу промени, освен оние предизвикани од начинот на шминкање.
„Луѓето сметаат дека користам филери на своето лице и дека затоа имам толку изразени образи. Сепак, такви ми се од раѓање“ - кажа во една прилика за „Harper's Bazaar“.
фото: Инстаграм„За сите оние кои ги интересира тоа, никогаш ништо не сум вбризгала во своето лице. Среќна сум што сите можат да го прават со својот изглед она поради што ќе се чувствуваат подобро во своја кожа, но мене тоа ме ужаснува. Јас премногу сакам да ја имам контролата во свои раце. Што би правела кога нешто би тргнало по зло?“ - заклучи манекенката своевремено.
Сепак, некои сметаат дека ги зголемила усните и дека го намалила носот, а дали тоа е предизвикано од одличната шминка, ве оставаме да одлучите сами.