Познатата Никол Ричи буквално се запали дувајќи роденденски свеќи (ВИДЕО)
Требаше да биде незаборавна прослава на четириесеттиот роденден - па така и се случи!
Никол Ричи сподели видео од прославата на својот роденден, на профилот на Инстаграм, но никој не очекуваше што ќе се случи на крајот.
Додека ги дуваше свеќите поставени на роденденската торта што стоеја пред неа, и додека сите ентузијастички навиваа да ги изгасне во еден здив, се случи момент на невнимание што речиси заврши катастрофално.
Никол Ричи не ни забележа како со својата коса премногу се приближува до свеќите, коиѝ ја зафатија косата. Сите околу неа почнаа да викаат, а кога огнот зафати голем дел од косата, снимката престана.
Со објавената снимка, Ричи напиша - „Па, засега, четириесеттите се огнени“.