Познати ѕвезди на кои животот не им бил мед и млеко: Живееле во сиромаштија сѐ додека не станале популарни
Успеале сами да го постигнат сето она што го имаат денес...
На сите познати ѕвезди, популарноста не им била послужена. Некои мораа да работат напорно за да дојдат до позицијата на која се наоѓаат денес, бидејќи во детството биле екстремно сиромашни.
На некои кариерите им почнале од самото раѓање, поради популарноста и богатството на нивните родителите. Но, тоа не е случај со сите, особено не на овие познати личности. Тие дел од својот живот поминале во сиромаштија сѐ додека не доживеала подем во својата кариера - дури тогаш станале познати и популарни, но и богати, бидејќи до тогаш среќата не ги следела во финансиска смисла.
# Џастин Бибер
Тој бил навистина сиромашен како дете. Израснал само со мајка му, а не биле во најдобра финансиска ситуација. Еднаш спомена дека никогаш не оделе често по ресторани, бидејќи немале пари, а кога оделе, мајка му му велела да нарача вода наместо сок. Но, неколку години подоцна, кога станал популарен, кажал дека е среќен што конечно може да ѝ помогне на својата мајка.
# Џенифер Лопез
Џеј Ло исто така е една од познатите личности која живеела во сиромаштија. Во еден момент од животот се откажала од школувањето и почнала да се занимава со танц, но немала каде да живее, па живеела и спиела во просториите на студиото за танцување. Кажала дека ја преживеала најлошата сиромаштија и затоа денес им помага на многу други сиромашни семејства.
# Селена Гомез
Семејството на Селена, исто така немало пари. Таа во една прилика откри дека била свесна дека немаат, но и дека знаела семејства кои имаат уште помалку од нејзиното. Без оглед на тоа што и тие биле сиромашни, секогаш како семејство им помагале на другите и на оние посиромашните од нив.
# Мила Кунис
По потекло е од Украина, а со нејзиното семејство таму живеела во сиромаштија. Токму поради тоа, по популарноста поради актерските улоги, таа денес своите деца ги воспитува на поинаков начин, а тоа е дека не им дозволува сѐ што ќе посакаат, па поради тоа има многу ригорозни правила до кои се држи.
# Карди Би
Општо познато е дека познатата раперка била сиромашна, како и нејзините родители. Кажа дека има многу добри родители, но дека отсекогаш биле сиромашни, имале лоши работи, па автоматски и со тоа доаѓале малите плати. Таа не крие дека поради тоа станала стриптизерка и танцувала во стриптиз клубови за да заработи повеќе пари, а како што вели, токму тоа ја извлекло од сиромаштијата.
# Еминем
Не само што бил сиромашен, туку имал и тешко детство. Татко му го напуштил додека бил уште дете, а тој и неговата мајка често се селеле од држава во држава. Живееле во сиромаштија и Еминем често бил малтретиран на училиште, а потоа го напуштил средното училиште и ѝ се посветил на музиката, по што станал светски познат.
фото: Принтскрин / Инстаграм