Познати личности кои имаат исто години, но тоа никој не би го претпоставил: Едните изгледаат повозрасно од другите
Некои навистина ќе ве шокираат...
Некогаш е во прашање големата количина на ботокс и операции на кои познатите се одлучиле за да изгледаат поинаку, некои пак едноставно изгледаат повозрасно поради начинот на кој се шминкаат и облекуваат, а други ги паметиме по улогите од детството и не можеме да веруваме дека се толку стари.
За почеток, можеш ли да поверуваш дека Кевин од „Сам дома“ и Ноа од „Notebook“ имаат исто години? Затоа што ги паметиме најмногу по овие улоги тешко ни е да поверуваме дека тие двајца се на иста годишна возраст. Меколеј Калкин во главата ни е како момче, а Рајан Гослинг сепак како маж. Има уште многу такви позанти личности кои ќе ве шокираат со своите години, бидејќи никогаш не би рекле дека имаат исто години.
Сите погледнете ги во продолжение:
# Меколеј Калкин и Рајан Гослинг (40 години)
Токму поради тоа што овие двајца актери, поголемиот број од нас ги паметат по улогите од филмовите „Сам дома“ и „Notebook“, тешко ни е некогаш да поверуваме дека денес имаат исто години. Дури иако го тргнеме фокусот, самиот факт дека момчето од „Сам дома“ денес има 40 години звучи малку неверојатно.
# Кол Спрауз и Карди Би (28 години)
Карди Би секогаш ја гледаме со многу шминка и во добро испланирани комбинации, а кога ќе се погледне целокупниот стајлинг, никогаш не би кажале дека таа има исто години колку што има и актерот кој го знаеме од серијата „Riverdale“. Но, сепак тие двајца се врсници.
# Адел и Ванеса Хаџенс (32 години)
Ти изгледа ли и на тебе Адел како сериозна жена, а Ванеса како девојка од 20 години? Не можеме да веруваме дека тие две имаат исто години. Уште еднаш, за таквата перцепција се заслужни нивниот начин на облекување и тоа во какви околности ги гледаме во медиумите.
# Мартин Фримен и Џеред Лето (49 години)
Овие двајца актери имаат ист број на години? Доколку ги погледнеш фотографиите од Мартин Фримен, дефинитивно ќе ти биде јасно дека станува збор за некој кој има скоро 50 години, но кога потоа ќе се префрлиш на оние на Џеред, нема да можеш да си поверуваш дека тие двајца се родини во иста година.
# Емили Кларк и Лејди Гага (34 години)
Кај нив две е ист случајот како и со Адел и Ванеса Хаџенс. Лејди Гага ја доживуваме како многу повозрасна личност, отколку актерката која стана позната по хит серијата „Игра на тронови“. Дури и кога ги гледаме нивните фотографии, една покрај друга, секогаш би кажале дека Емили е помлада.
# Пријанка Чопра и принцот Вилијам (38 години)
Кога мажите ќе почнат да ја губат косата, тогаш започнуваат да изгледаат и многу повозрасно од тоа што навистина се. Ист е случајот и со принцот Вилијам. Дури ниту титулата принц не може да му помогне за да ги сокрие годините. Од друга страна, Пријанка изгледа толку младолико, што е тешко да се поверува дека е само неколку години оддалечена од 40 - от роденден.
# Џејсон Ерлс и Џон Сена (43 години)
Сите кои ја гледале серијата „Хана Монтана“, сигурно се сеќаваат на актерот Џејсон Ерлс, кој ја играше улогата на братот на Хана. Денес тој има 42 години. Тешко е да се поверува! Уште потешко за верување е дека има исто години, колку што има и актерот Џон Сена.
# Сиа и Анџелина Џоли (45 години)
Пејачката Сиа многу често носи додатоци коса преку лицето, поради што е тешко да се процени нејзината возраст, но ретко кој би кажал дека има исто години колку што има и Анџелина Џоли. Кога ќе се појави Сиа, тогаш нејзините години навистина имаат смисла.