Познати личности кои направиле многу пластични операции: Толку се добри што не сме ги ни забележале
Една актерка особено се издвои...
„Не си грда, само немаш пари“ е нешто што сè повеќе можеш да го прочиташ на мемињата под фотографиите на познатите личности пред да станат популарни и откако станале - и сосема е јасно дека тие порано изгледале како секоја личност која ја среќавате на улица, но како станувале попознати, така почнале да изгледаат погламурозно и „посовршено“.
Типичните лица кои ќе бидат во таквите мемиња се сестрите Кардашијан - Џенер. На нив е повеќе од очигледно дека ги промениле лицата и обликот на телото и апсолутно никој не верува во она дека сето тоа е од вежбање или дека станува збор за шминка. Јасно е како ден дека направиле неколку операции.
Не значи дека операциите се лоши, само дека претерани. Од друга страна, постојат и познати личности кои своите пластични операции ги направиле толку добро што никој досега ги нема забележано. Ги правеле малку по малку и само колку да променат некои стиници. Една од нив е актерката Блејк Лајвли. Таа е најголемо изненадување! Кога ќе ги споредите нејзините фотографии од порано и од сега, ќе ја забележите разликата, но тоа никогаш не би го помислиле.
@thezenblonde Reply to @felipetho_ #greenscreen my all time #favorite #celebrity #plasticsurgery #blakelively #rhinoplasty #veneers #botox #angelinajolie
Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod
И пред нив била убава, но очигледно не по „холивудските стандарди“. Сигурно имала една, ако не и две, операции на носот, а како и сите, ги средила и забите, што е најчеста корекција. Освен тоа, сосема е сигурно дека и во лицето има ставано ботокс, бидејќи и насмевката и е променета. Кога ќе се насмее лицето поинаку ѝ се движи за разлика од претходно, а и помалку ѝ се изразени забележливите брчки околу насмевката. Со тоа и целото лице ѝ е поинакво, иако малку сепак се забележува.
Освен неа, уште една позната личност која се има многу променето, но никој не зборува за нејзината промена е Анџелина Џоли. Покрај неа, на оваа листа може да вброи и Ариана Гранде.
Иако била уште млада кога почнала да глуми и секако дека лицето се менува со текот на годините, кај неа се гледа дека тоа не била во потполност природна промена, но никој не го доживува тоа така, бидејќи исто како и Блејк, направила само неколку клучни зафати и постепено го менувала лицето. Веќе многу се пишуваше за тоа, но таа упорно одбива да признае дека корегирала нешто на себе. Овие три познати девојки се дефинитивно најголемо изненадување и скоро никој не ги забележал нивните промени.