Познати парови кои би го урнале Интернетот доколку се смират: 7 од нив чии разделби никого не оставија рамнодушен
Обожавателите би биле воодушевени доколку овие поранешни партнери се смират...
Врските на познатите се интересно, но уште поинтересни се нивните разделби. Некои парови го шокираа светот кога соопштија дека ги прекинале врските, кои можеби изгледаа како идилични. Но, обожавателите на тие парови и понатаму се надеваат дека некои од нив повторно ќе бидат заедно.
Некои од овие парови имаа многу подеми и падови во текот на годините додека беа во љубов, додека други изгледаа потполно идилично во своите врски поради што уште повеќе ги шокираа обожавателите кога ги соопштија своите разделби. Токму поради огромната популарност која ја имаа додека беа во врска, со обновување на љубовните ромаси сигурно би го урнале Интернетот. Обожавателите мислам дека некои од нив се создадени еден за друг, но дека се стретнале во погрешно време.
# Џиџи Хадид и Зејн Малик
Џиџи и Зејн раскинаа пред крајот на минатата година по долгата шестгодишна врска. Сите мислеа дека нивниот однос е идеален, бидејќи каков таков и го прикажуваа, а и заедно ја имаат ќерката Каи. Но, нивната разделба ги шокираше сите, а наводно во нивниот однос е вмешана и Јоланда Хадид, мајката на Џиџи, а за тоа знаат и нивните обожаватели кои сигурно би биле воодушеви кога Џиџи и Зејн би биле повторно заедно.
# Селена Гомез и Џастин Бибер
Ако некој имал турбулетна врска, тогаш тоа сигурно се Селена и Џастин. Својата врска ја потврдија уште во далечката 2011 година. Нивната врска имаше многу подеми, падови и раскинувања, а официјалното раскинување се случи во 2018 година, кога ги разочараа обожавателите ширум светот. Но, истата година, Џастин веќе започна нова врска со Хејли Бибер со која набрзо потоа се ожени.
# Шон Мендес и Камила Кабелјо
Оваа двојка раскина скоро па во исто време со Џиџи и Зејм, така што тие две разделби дефинитивно го одбележаа крајот на минатата година. Шон и Камила беа заедно од 2019 година, а својата разделба ја потврдија преку стори на своите Инстаграм профили и како ги шокираа сите.
# Ким Кардашијан и Канје Вест
По сите инциденти кои настанаа по нивната разделба, светот дефинитивно би бил шокиран доколку по сето тоа Ким и Канје повторно се смират. Тие беа во брак неколку години, заедно имаат 4 деца, а минатата година се разведоа. Потоа, Канје имаше многу инциденти кои беа поврзани со Ким и нејзината нова врска со Пит Дејвидсон. Така што секако би бил голем шок, доколку тие двајца повторно се смират.
# Џои Кинг и Џејкоб Елорди
Оваа позната двојка ја знаеме од филмовите „The Kissing Booth“, каде исто така глумеа заљубен пар, по што очигледно им се случи и љубов во вистинскиот живот. Врската ја започнаа по снимањата за првото продолжение на овој филм, но набрзо потоа ја прекинаа. Но, многумина и понатаму ги замислуваат како двојка, поради хемијата која ја имаа и во филмовите.
# Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт
Мајли и Лиам исто така се еден од оние парови кои се заљубија на снимањето на некој филм. Во нивниот случај тоа беше филмот „The Last Song“ кој се снимаше во далечната 2009 година, кога и ја започнаа својата врска. Но, нивните разделби и кавги траеја сѐ до 2018 година, кога застанаа пред олтарот и тогаш сите помислија дека ги решиле сите проблеми. За жал, се разведоа една година подоцна. Така што сигурно би било шок доколку повторно се смират, дури и по разводот на брак.
# Нина Добрев и Иан Сомерхалдер
Ѕвездите на серијата „The Vampire Diaries“ ги освоија обожавателите ширум светот, а некои серијата ја гледаа само поради нив. Меѓутоа, како и многу други, Нина и Иан имале многу проблеми и несогласувања во врската поради што повеќе пати раскинуваа. Но, обожавателите на серијата и понатаму се надеваат дека тие двајца би можеле повторно да бидат заедно.
фото: Принтскрин / Инстаграм / camila_cabello; jelenas.throwback