Познатиот јутјубер е прогласен за најубав маж на планетата: Пркоси на сите стандарди на кои сме навикнати

Познатиот јутјубер е прогласен за најубав маж на планетата: Пркоси на сите стандарди на кои сме навикнати

Објавена во: Мода // Moj стил

Јутјуберот PewDiePie е прогласен за маж со најубаво лице за 2020 година, според традиционалната листа на TC Candler и Независните критичари.

Пред крајот на минатата година, TC Candler ја објави листата на најубави лица за 2020 година, а оваа титула ја однесе 31 - годишниот Швеѓанец, Феликс Арвид Улф Кјелберг, попознат по прекарот PewDiePie.

Познатиот јутјубер, својата реакција за ова признание ја објави и на Јутјуб.


Во топ 10 - те најубави луѓе се најдоа и Паин Такон, Тимотеј Шаламет, Џејсон Момоа, Ксиао Зан, Џејсон Деруло, Хенри Кавил, Џунгкук, Крис Хемсворт и Ким Тае-хиунг. На листата на најубави мажи која се објавува од 1990 година, жител на Шведска се најде по шести пат, а овој пат дури ја однесе и победата, пишува Индекс.

Инаку, во женска конкуренција, на врвот на листата се најде 19 - годишната израелска манекенка, која моментално ослужува воен рок, Јаел Шелбија.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: