Познатите личности ги открија своите омилени филмови: Имаме 15 препораки за вас

Познатите личности ги открија своите омилени филмови: Имаме 15 препораки за вас

Објавена во: Stars // Филм

Може да ги гледаат милион пати и да не им здодеат...

Ако не знаете што да гледате следно, ѕирнете ги препораките од познатите личности. Овие актери и пејачи некогаш открија кои филмови ги обожаваат и кои можат да ги гледаат одново и одново.

Кога ќе снемате идеи за филмови, проверете ги оние што ги сакаат вашите омилени познати личности. Иако се познати, одвојуваат време и за гледање филмови. Тоа е активност што веројатно им се допаѓа на сите! Само што не им се допаѓаат исти жанрови на сите.

Познатите личности, низ годините, во различни прилики ги откриваа своите омилени филмови, а ова се нивните препораки:

# Тејлор Свифт - „Someone Great“

Забавната романтична комедија е нејзиниот омилен филм. Дефинитивно е еден од оние филмови кои треба да ги изгледаш ако поминуваш низ крај на врска.

# Џони Деп - „The Wizard of Oz“

Познатиот актер кажа дека порано, додека бил млад толку го обожавал овој филм, што сакал да живее во него. Вистински класик.

# Џастин Бибер - „Step Brothers“

Бибер одбира комедија. Можеби ова нема да биде најпаметниот филм кој ќе го изгледаш, но сигурно ќе те насмее.

# Леонардо ди Каприо - „Taxi Driver“

Лео го обожава „Taxi Driver“ од 1976 година со Роберт Де Ниро. Оваа крими драма е малку поинаква од порано споменатите филмови и можеби нема да биде по сечиј вкус, особено ако сакаш сериозни филмови.

# Џенифер Лопез - „West Side Story“

Секако дека Џеј Ло ќе сака филм во кој има пеење и кој е всушност мјузикл! Минатата година излезе нова верзија од овој класик.

# Зендаја - „Harry Potter“

Сигурно го изгледала повеќе пати отколку ти! Во едно интервју призна дека овој филм без проблем може да го гледа секој ден.

# Зек Ефрон - „The Truman Show“

Џим Кери му е омилен актер, па и не е некое изненадување што во омилениот филм глуми неговиот омилен актер. Можеби филмот е малку стар, но е многу забавен.

# Д Рок - „It“

Д Рок изгледа како некој кој не се плаши од ништо! Неговиот омилен филм е хорор. Кажа дека кога го изгледал „It“, веднаш му станал еден од најомилените филмови. Брилијатен е!

# Деми Ловато - „Close Encounters“

Деми во последно време е луда за вонземјани, а изгледа дека тоа не и е некоја нова опсесија. Тие ја интересираат веќе подолго време. Пред две години кажа дека најдраги филмови и се „Close Encounters“ и „Unacknowledged“.

# Кендал Џенер - „Moulin Rouge“

Кендал е уште една позната личност која одбира класик. Иако можеби од неа не би очекувале некој понов филм како омилен, овој мјузикл особено ја освоил.

# Дикси Д-Амелио - „War of the Worlds“

Уште еден неочекуван пар. Дикси како свој омилен филм го одбра овој научно-фантастично авантуристички филм со Том Круз во главната улога. Накратко, вонземјани ги напаѓаат луѓето.

# Џејк Пол - „Interstellar“

Јутјуберот во едно интервју откри дека ова му е најдрагиот филм. Пред да го земеш предвид неговиот предлог, кој е навистина добар, но имај на ум дека филмот трае скоро 3 часа.

# Хари Стајлс - „Lion King“

Додека уште постоеја One Direction, момците ги откриваа своите омилени филмови, а сите особено беа разнежнети од омилениот филм на Хари.

# Лиам Пејн - „Batman“

Од друга страна, Лиам кажа дека секогаш со задоволство го гледа „Batman“. Било кој! Досега се излезени прилично многу за овој суперхерој, а актерот нема шанси да одбере само еден.

# Селена Гомез - „Jennifer's Body“

И за крај, филмската препорака од Селена. Кога почна короната и карантините, откри дека времето дома ќе го помине така што уште еднаш ќе изгледа некои од омилените филмови. А, „Jennifer's Body“ ѝ беше прв на таа листа.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: